Американското министерство за финансии објави дека воведува санкции против иранската национална нафтена компанија. Компанија контролира 40 проценти од иранското производство на нафта и половина од иранскиот извоз на нафта. Најновите санкции се дел од серијата потези за притисок кон Техеран за да преговара за нов договор за ограничување на својата нуклеарна програма.
Санкциите се за Компанијата и за 39 нејзини подружници и странски агенти за продажба. Американските власти соопштуваат дека санкциите се воведени бидејќи нафтената компанија обезбедувала финансиска поддршка за компанија која е контролирана од Исламската револуционерна гарда. Претходно американските власти ја прогласија Гардата во„странска терористичка организација“.
Минатата година администрацијата Трамп се повлече од договорот што во 2015 година беше склучен меѓу Техеран и меѓународните сили.