Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој е и нов генерален секретар на СДСМ денеска изјави дека разговорите околу најавената „метла“ во Владата се уште траат и се очекува, следните неколку дена премиерот Зоран Заев да излезе со конкретен став околу датумот и чекорите што ќе бидат преземени.
„Вчера вечер ние имавме координација и консултациите на премиерот Зоран Заев со сите останати политички субјекти траат. Во следните неколку дена сигурно ќе излезе со конкретен став околу датумот и конкретните чекори и одлуки што ќе бидат преземени. Сето тоа зависи и од останатите прашања поврзани со ЕУ и со датумот за преговори така што, не би имал што да додадам“, изјави Николовски.
Во делот на екипирањето и структуирањето на новото раководство во партијата, Николовски рече дека сите активности ќе се извршуваат во текот на следната недела, а за се друго премиерот ќе ја извести јавноста.