Препрочитување на историјата
МАКЕДОНИЈА - Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија има дводневен сотанок во Скопје, а во фокусот на разговорите е антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во земјава.
МАКЕДОНИЈА - Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, и нема да чекам опозицијата или Собранието да направат нешто, туку јас ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, изјави премиерот Зоран Заев.
МАКЕДОНИЈА - СЈО соопшти дека објавените разговори на Фејсбук профилот со псевдоним Ел Чека не потекнуваат од обвинителството. Во соопштението се наведува дека сите аудио материјали со кои располага СЈО се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури.
СУДАН - Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Михаил Богданов изјави дека неговата земја е против било каква странска интервенција во Судан, каде повеќе од 100 демонстранти беа убиени од војската во текот на оваа недела.
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНа - Босанското обвинителство соопшти дека верува оти била лоцирана масовна гробница во близина на Сараево во која се наоѓаат останките на босански муслимани кои биле убиени за време на војната од 1992 до 1995 година. Коски и остатоци од облека биле пронајдени на планината Игман.
ГЕРМАНИЈА - Германскиот суд во северниот град Олденбург го осуди Нилс Хогел на доживотна казна затвор за убиство на 85 пациенти во две болници.
УКРАИНА - Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко е обвинет за злоупотреба на службената положба и проневера при нелегална приватизација на комплекс за домување во близина на Киев кој беше користен како резиденција на тогашниот премиер и негов наследник Виктор Јанукович.
ВАТИКАН - Ватикан соопшти дека папата Франциск ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин на 4 јули. Папата досега се има сретнато два пати со Путин во 2013 и 2015 година.