Хоџа: Преговорите за реконструкција на Владата ќе завршат деновиве

Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа

Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа изјави дека продолжуваатразговорите во врска со најавената владина реконструкција, односно смена на функционери и министри.

„Консултациите и разговорите за евентуална владина реконструкција продолжуваат меѓу политичките партии. Тие веќе комуницираат со медиумите и јавноста веќе е информирана до каде е процедурата до каде се преговорите за смени во првиот, вториот третиот ешалон во Владата. Засега официјално нема одлука за која може да биде информирана јавноста. Очекуваме овие денови да завршат преговорите меѓу политичките партии што ја сочинуваат коалиција и дали како предлог ќе биде поднесен до Собранието на Република Северна Македонија“, рече Хоџа на денешната редовна прес-конференција.

Во однос на објавувањето на „бомби“ на Фејсбук профилот „Ел Чека“, Хоџаистакна дека Владата останува на ставот на МВР.