Новиот автопат Миладиновци- Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. Инвестицијата во автопатската делница, долга 47 километри, изнесува над 200 милиони евра. Со новото автопатско решение времето за патување од Скопје до Штип се намалува за половина час.
Изградбата на автопатот ја почна претходната Влада, во февруари 2014 година и според проектот и плановите тој требаше да биде готов до март 2017 година. По промената на власта надлежните институции соопштија дека има бројни пропусти во изградбата и незавршени активности, по што беа склучени два анекса на Договорот за изградба со изведувачот кинески „Синохидро“.