Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот советпорача дека членството во НАТО е важно за земјата, но и за регионот и за целата Алијанса. Тој порача дека уште сега се гледаат бенефитите од интегрирањето на една земја во НАТО, со оглед на тоа што странските инвестиции во земјава се зголемиле по добивањето на поканата.
„Тоа покажува колку всушност безбедноста води кон просперитет“, додаде Столтенберг на почетокот на состанокот, кој по неговото и обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе се одвива зад затворени врати.