„СДСМ денеска наместо да работи, прославува неуспеси, расипништвото и пропуштените шанси во изминативе две години. СДСМ наместо да ги тргнат розевите очила и да се соочат со реалноста, продолжуваат да ги лажат граѓаните“. Ова е наведено во денешната реакција на опозицијата по повод двегодишнина од владеењето на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ реагира на лошите резултати во правосудството, здравството, образованието,а критики упати до економските политики на актуелната Влада.
„Нејасно е како може Заев да се фали дека блескаме во ситуација кога Република Македонија има најнизок раст на БДП во регионот и Европа од мизерни 2,05% и кога реализацијата на капиталните инвестиции руши историски негативни рекорди. Стандардот на граѓаните од ден на ден се повеќе се влошува, растат цените на горивата поради зголемените акцизи од страна на власта, растат трошоците за живот, растат цените на производите, и како резултат на тоа повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, додека единствено се богатат блиските на функционерите од власта“, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.