На двегодишнината од формирањето на Владата, премиерот Зоран Заев посочи на резултатите што се постигнати во изминатиот период посочувајќи дека суштинските промени се забележани и во Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија. Заев нагласи дека сега граѓаните и Владата сега чекаат јасен потег од Европската унија и датум за почеток на преговори.
„Време е Европа да ја исполни својата задача пред своите европјани. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во Северна Македонија се Европјани. Европјаните од Северна Македонија и Владата на Северна Македонија чекаат јасен потег од Европската унија“, потенцираше Заев.
Тој се пофали со решавањето на сите отворени прашања со соседите, решавањето на спорот со Грција, а претходно и со Бугарија. Притоа додаде дека македонскиот идентитет останал зачуван, потврден и зајакнат. Во своето обраќање премиерот посочи низа мерки и резултати што се постигнати во сите области и за она што би требало да се очекува. Заев исто така кажа дека уште по неговиот избор побарал поддршка и соработка со опозицијата.