Никола Груевски најави дека ќе се повлече од пратеничката функција и дека за таа своја одлука ќе го извести парламентот во следните денови. Преку статус на својот фејсбук профил тој им се заблагодари напратениците на ВМРО-ДПМНЕна како што пишува, тоа што издржале на принципиелните позиции кои се во склад со Уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците.
„Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности“, пишува Груевски на фејсбук.
Според поранешниот премиер, власта на СДСМ е опседната со него, за како што пишува, да ги скрие секојдневните неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам. Во својот статус тој пишува дека целта легално да муго одземат мандатот е неостварлива повикувајќи се на Универзалната декларација за човекови прав каде азилот е вброен како еден од основните човекови права и „не е можно некој да е неправедно отсутен од седници во парламентот ако е принуден да користи политички азил“.
„Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики“, пишува Груевски на фејсбук.
За СДСМ најавата на Никола Груевски, дека ќе поднесе оставка како пратеник, ја потврдува неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски. Преку соопштение до јавноста од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, Груевски од таму дава команди, а лидерот Христијан Мицкоски исполнува.