Шефот на унгарската полиција Јанош Балог најави дека од утре на границата со Србија ќе бидат стационирани илјада унгарски војници, под команда на полицијата. Тој истакна дека тие ќе работат на обезбедување на границата поради зголемениот притисок од нелегалната миграција. Според него, полицијата минатата година спречувала околу сто мигранти неделно, а годинава тој број е дуплиран.