Специјалниот известувач на ОН за тортура, Нилс Мелцер изјави дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж претрпел психичка тортура поради непријателската и произволна околина на која бил изложен многу години. Тој посочи дека двајца медицински експерти го посетиле Аснаж во британскиот затвор каде отслужува 50 недели казна.
„Асанж намерно бил изложен во период од неколку години на прогресивни и тешки форми на суровост, нечовечки и понижувачки третман или казна“, истакна Мелцер.
Асанж беше уапсен на 11 април, откако седум години помина во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон. САД бараат негова екстрадиција врз основа на обвинувањата за објавување на класифицирани документи.
„Од 2010 година имаше немилосрдна кампања на јавен мобинг, заплашување и клевета против Асанж, не само во САД, туку и во Обединетото Кралство, Шведска и во последно време Еквадор, посочи Мелцер.
Сослушувањето за екстрадиција на Асанж е одложено за 12 јуни, бидејќи тој е префрлен во затворската болница.