Во фокусот на годинашниот Светски ден без тутун е „здравјето на белите дробови и тутунот“. Кампањата, како што наведуваат во Светската здравствена организација, ќе ја зголеми свеста за: негативното влијание што го има тутунот врз здравјето на белите дробови. Кампањата, исто така, служи како повик за акција, застапувајќи се за ефективни политики за намалување на потрошувачката на тутун и ангажирање на заинтересираните страни во повеќе сектори во борбата за контрола на тутунот.