Поддршка од Италија за почеток на преговорите со ЕУ

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров за време на посетата во Италија на средбите со тамошните политичари добиле поддршка за старт на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Тие добиле цврсти уверувања од своите италијански колеги дека Италија останува посветена на европските интеграции на целиот регион на Западниот Балкан, со силна поддршка за старт на преговорите со Република Северна Македонија, во пресрет на претстојниот јунски самит на ЕУ.

Од Италија, Османи заедно со Димитров продолжуваат во билатерална посета на Кралството Белгија, каде ќе остварат средба со министерот за надворешни и европски прашања Дидие Рејндерс.