Седницата за мандатот на Груевски и за избор на нови министри по 7 јуни

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска информира дека после 7 јуни би се одржала првата наредна седница на законодавниот дом на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот и да се изберат нови министри. Тој на средба со новинарите истакна дека од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.

Во однос на Законот за јавното обвинителство, Џафери порача дека партиите се уште разговараат и оти би можело да биде донесен до крајот на јули дури и да биде поднесен во редовна постапка.