ЕК препорача отворање на преговори со Северна Македонија

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан кој денеска го презентираше пакетот за проширување на ЕУ пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент препорача веднаш да отпочнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Хан истакна дека Северна Македонија со Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија е светoл пример за другите земји. Според него, Северна Македонија и Албанија оствариле напредок во спроведување на реформите и затоа ЕК бара да отпочнат преговорите за членство.