Тимоние не сака да прејудицира отворање на преговори со ЕУ

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изјави денеска дека процедурата за ратификување на протоколот за влез на земјава во НАТО од страна на Франција е во тек и не постои ниту една пречка тоа да не биде направено во најскоро време.

На прашањето дали Франција ќе го поддржи отворањето на преговорите со ЕУ, Тимоние по Симулација на конференција на француски јазик во МНР рече дека не може да прејудицира, но оти извештајот ќе се дискутира со симпатии и наклонетост.