Отворање на последната делница на автопатот од Приштина кон Скопје

Изградбата на автопатот „Арбен Џафери“, кај Качаник, Косово

Последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, што ја поврзува Приштина со македонскиот граничен премин Блаце ќе биде отворена денеска. На отворањето ќе присуствува косовскиот претседателот, Хашим Тачи, собранискиот спикер, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај, а од македонска страна најавено е присуство на премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.