Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на полицијата на северот на Косово и апсењето Срби.
Вучиќ претходно нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност. Тој ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека операцијата за апсење во општините во северниот дел на Косово е против шверц и организиран криминал.