Харадинај: Акцијата на полицијата е против шверц и организиран криминал

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека операцијата за апсење во општините во северниот дел на Косово е против шверц и организиран криминал.

„Во северните општини во Косово се спроведува операција против шверц и организиран криминал во рамките на нашата посветеност на владеењето на правото за сите. Потврдувам дека таа операција е насочена против организираниот криминал, и цел се полициски и царински службеници. Ги повикувам граѓаните да останат мирни”, напиша Харадинај на Твитер.