Косовската полиција потврди дека на северот на Косовобила во тек акција за приведување осомничени за нивна вмешаност во организиран криминал. Притоа се додава дека биле уапсени неколкумина припадници на полицијата и оти имало пукање, но оти никој не бил повреден. Српските медиуми јавија дека досега биле уапсени шестмина српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток. Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност.