Состанок за номинирање на новиот Европски совет

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе се сретне со лидерите на земјите-членки на Европската унија со цел, како што изјави деновиве, да се утврди процедурата за назначување ново раководство на Унијата. „Мојата намера е брз и ефикасен избор на шефовите на институциите на ЕУ“, рече Туск, додавајќи дека номинациите ќе мора да ја одразуваат географската и демографската рамнотежа, така што и големите и помалите земји да бидат застапени на највисоко ниво во ЕУ. „Номинациите за Европскиот совет сакаме да ги направиме во јуни“, рече тој.