Избори за Европски парламент- крајната десница послаба од очекувањата

Архивска фотографија- зградата на Европскиот парламент

Милиони европјани имаат право на глас на изборите за Европскиот парламент, а првичните резултати покажуваат дека крајно десните партии остваруваат помали резултати од тоа што го предвидуваа набљудувачите на избориниот процес.

Изборите почна порано неделава со гласањето во Британија и Холандија,гласачите во Ирска и Чешка гласаа вчера, а денеска се гласа во Латвија, Малта и Словачка. Во останатите земји ќе се гласа утре.

Според некои првични анкети во Холандија гласачите ги поддржале партиите кои се посветени на Европската унија, а слични предвидувања има и во Ирска, каде што се прогнозира дека партијата на актуелниот премиер Лео Варадкар е во водство. Во Германија, предизборните резултати покажуваат дека партијата на канцеларката Ангела Меркел е во водство, а по неа е партијата на зелените.

Повеќе од 400 милиони луѓе имаат право на глас на изборите на кои се бираат 751 член на Европскиот парламент. Првите официјални резултати се очекува да бидат објавени утре.