Сенатот се очекува да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во јуни, вели во интервју за Гласот на Америка сенаторот Џејмс Риш, претседавач со сенатската Комисија за надворешни работи.
“За околу две недели Комисијата ќе има сослушување за Протоколот. Потоа, тој ќе треба да оди на гласање пред целиот Сенат. И многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш”, рече Риш.
Сенаторот очекува голема поддршка за ратификација на Протоколот или, како што истакнува, 98 од 100 сенатори би гласале за него. Смета дека специјално нешто што Северна Македонија ќе и` донесе на Алијансата е полигонот за вежбање кој, според него, ќе се користи многу почесто со зачленувањето во НАТО.
“Природно и нормално е да видите и економски активности што ќе следат по пристапувањето. Никој нема да биде изненаден да има економски развоj”, верува Риш.