Харадинај побара од Вучиќ да се однесува европски

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача на претседателот на Србија Александар Вучиќ да ги прифати европските вредности и да ја признае реалноста дека Косово е независна држава, јави дописникот
на МИА од Приштина.

Коментарот на Харадинај уследи по денешната изјава на Вучиќ дека, по самитот на лидерите на Западен Балкан во Париз, идниот месец, Србија ќе почне да презема „силни и остри мерки против Косово“.

Косовскиот премиер преку објава на Фејсбук му порача на српскиот претседател да се откаже од ставовите кои ги имал и во минатото и кои „предизвикаа трагедии и болка“.