Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим 

г.г. Стефан

Во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска се одржа молебен на гробот на Св.Кирил. Пред почетокот на богослужбата, што ја водеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, државна делегација предводена од претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери положи цвеќе пред гробот на Св.Кирил.

Според нововостановената традиција, на молебенот учествуваше делегација на Бугарија, во чија организација попладнево во црквата „Св. Павел ала Регола“ во Рим ќе се одржи миса. Манифестацијата во чест на Св. Кирил завршува вечер со културно-уметничка програма, организирана од Министерството за култура на која ќе настапат музичките уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.