Меј најави оставка од премиерската функција на 7 јуни

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска најави дека ќе се повлече од функцијата на 7 јуни, по повиците од нејзината владејачка Конзервативна партија да направи пат за избор на нов лидер кој ќе оствари напредок во плановите за Брегзит.

„Сега ми е јасно дека е во најдобар интерес на нашата земја нов премиер да ги води тие напори. Затоа денеска соопштувам дека ќе понесам оставка како лидер на Конзервативната партија во петок на 7 јуни“, рече Меј.

Таа порача дека нејзиниот наследник мора да постигне компромис во Парламентот за усвојување на планот за Брегзит. Меј истакна и дека ќе остане на функцијата се додека не биде избран нов лидер на нејзината партија.