Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Воедно тој апелираше тие повторно да се кандидираат на следниот конкурс кој идната седмица ќе биде објавен. Заев по работниот појадок со бизнисмените во хотелот Хилтон појасни дека како што ќе ги носат одлуките така ќе ги објавуваат.
„Почетокот на јуни или првата половина на јуни ќе се случуваат промените во општествениот сектор, тоа се јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции. Во политичкиот дел во мојата партија каде јас сум директно надлежен, а тоа е во изборот на претседатели на општински организации, одлуката веќе ја донесов и синоќа ја соопштив на координација на колегите од раководството заради тоа што тоа е мое право, конечната одлука е токму таа“, рече Заев.
Тој посочи и дека разрешувањата се во вкупно 78 општински организации.