Заев: Коалициските партнери треба да знаат за реконструкцијата на Владата

Архива - Средба на премиерот Зоран Заев и на лидерот на ДУИ Ахмети за владина реконструкција.

Ред е како мандатар да ги презентирам пред коалициските партнери увидените слабости за одредени личности, функционери кои имам намера да бидат сменети, изјави денеска во Владата премиерот Зоран Заев додавајќи дека одлуките кога ќе ги донесе ќе бидат јавно соопштени.

Тој за најавената реконструкција на новинарски прашања одговараше дека ќе има промени во извршната власт и дека тоа ќе го направи во јуни, бидејќи како што рече преговараат за реформските прицеси и очекуваат извештај од ЕУ: „Тоа за мене е веднаш“, рече Заев.

Тој додаде дека средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети се одржала за во партијата да знаат навремено кои чекори ќе ги преземе и според тоа во да донесат одлуки: „да се разговара во партијата и сл“, изјави Заев.

Тој истакна дека коалициските партнери треба да знаат што ќе се случи со реконструкцијата на Владата: „немам намера претходно да лицитирам со имиња, да кажувам имиња. Кога ќе бидат донесени одлуките веднаш ќе ги соопштиме“, изјави Заев.