Ерол Муслиу е именуван за нов директор на Агенцијата за разузнавање. На функцијата доаѓа со одлука на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Тој ќе го замени Зоран Иванов кој беше директор на агенцијата од март, 2017 година. Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.
Советник за национална безбедност на претседателот ќе биде Блерим Кољали, а Гоце Карајанов е именуван за советник за надворешна политика.
Шефот на државата ангажирал и неколку надворешни советници за надворешни и правни работи. Меѓу нив се поранешниот министер, а сега универзитетски професор Денко Малески, поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова-Трајковска и проректорката на Универзитетот на Југоисточна Европа, Беса Арифи, како и поранешниот министер Александар Димитров и поранешниот амбасадор Александар Тавчиовски.