Антикорупциска ќе го истражува трошењето буџетски пари во Собранието

Собрание

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како се трошат буџетските пари во државните и во јавните институции и друштва. Во фокусот ќе биде Собранието и користењето на патни трошоци, а ќе се испитуваат и одлуките за користење службени возила, за репрезентации, надоместоци за превоз, за стан, за одвоен живот.

Отворена е постапка и за вработување на блиски лица во Министерството за локална самоуправа и за користење возила за приватни цели. Антикорупциската комисија ќе ги испитува и начините на кои е извршен избор на канцелариските простории на поранешните претседатели на државата.