Грчкиот премиер Алексис Ципрас го осуди вчерашниот инцидент пред парламентот во кон припадници на анархистичката група Рубикон фрлија боја на зградата. „Таквите дела се антидемократски и немаат никаква врска со социјалната борба“, рече тој откако 30 припадници на Рубикон влегле во дворот на парламентот во знак на поддршка на „праведната борба“ на комунистичкиот активист Димитрис Куфодинас кој штрајкува со глад поради тоа што не му се дозволува привремено излегување од затвор. 60 годишниот Куфодинас е лидер на екстремно десничарската група 17 ноември расформирана во 2002 година и отслужува казна доживотен затвор. Оваа група изврши неколку напади при што загинаа над дваесет луѓе, вклучувајќи го и шефот на ЦИА во Грција Ричард Велч.