Во Австрија оставка на сите министри на екстремната десница

канцеларот Себастијан Курц

Австриската екстремно десничарска Слободарска партија објави оставка на сите нејзини министри во коалициската влада формирана во декември 2017 година со конзервативците на канцеларот Себастијан Курц. До ова дојде откако Курц соопшти дека го менува министерот за внатрешни работи од таа партија како последица од скандалот околу компромитирачкото видео. Партијата објави дека се повлекува од владата и оти таа одлука стапува во сила веднаш, не чекајќи ги предвремените избори што би требало да се одржат во октомври. Слободарската партија се најде во криза кога во петокот беше објавена видео снимка на шефот на партијата Хајнц Кристијан Штрахе како му ветува државни договори на руски богаташ во разговор со наводно негова роднина.