Група феминистички политички партии денеска предупредија дека европските женски права се загрозени и побараа од Европскиот парламент да го декриминализира абортусот во пресрет на европските избори. Партии од Велика Британија, Шведска, Романија и Италија кои веќе се наоѓаат во Мрежата на обединети феминистки во Европа, бараат поради страв од порастот на поддршкта за десничарските партии, да се обезбеди можност за легален, сигурен и бесплатен абортус за сите жени во Европската унија. Тие, исто така, изразија загриженост дека потегот за ограничување на правата за абортус во Алабама и други држави на САД би можел да инспирира слични закони во Европа.
Неколку европски земји веќе имаат строги правила за прекинување на бременоста, како што е Северна Ирска во којае дозволено да се изврши абортус само доколку животот на жената е загрозен или ако постои траен ризик за нарушување на нејзиното психичко или физичко здравје. Литванија, Словачка, Шпанија и Полска дадоа предлози за целосна забрана во изминатите неколку години.
Абортусот не треба да се смета за кривично дело, било каде во Европа, сметаат членовите на групата, во којашто „нови членови може да се приклучат само ако дозволуваат легален, безбеден и бесплатен абортус“, наведуваат од Мрежата на обединети феминистки на Европа.