Нападната руска база во Сирија

Руската база во Сирија, Хмејмим била нападната од терористи на групата Џабат ал-Нусра, а руската воздушна одбрана соборила две беспилотни летала, соопшти денеска руското министерство за одбрана. Терористичките дронови летале кон воздухопловната база Хмејмим од север и североисток, се вели во соопштението на агенцијата „Тасс“. Нападот врз базата се случил вечерта на 19 мај од ракетен систем, а сите проектили биле уништени. Во нападот нема жртви, ниту материјална штета, соопшти руското министерство.