Директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски поднесе оставка од функцијата. Трајковски во дописот до Собранието, кој бил доставен во петок наведува дека оставката е поради лични причини. Трајковски функцијата ја извршување од 2016 година, а претходно беше директор на Управата за јавни приходи.