Зеленски по инаугурацијата го распушти украинскиот Парламент

Инаугурацијата на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски

Новиот украински претседател Володимир Зеленски веднаш по неговата инаугурација го распушти Парламентот. Во неговото обраќање пред пратениците при преземањето на функцијата тој повика и на оставка од државниот обвинител Јуриј Луценко, министерот за одбрана и шефот на тајната служба. Зеленски истакна дека сака брзи парламентарни избори, но не прецизираше датум.

Неговите противници соопштија дека Уставот му дозволува рок од 30 дена на Парламентот за формирање нова владина коалиција и дека за тоа време претседателот не смее да го распушти. Зеленски порача дека негов врвен приоритет ќе биде постигнување примирје во источниот дел на Украина.