Бектеши: Критиките дека потфрлиле економските ресори се неосновани

Илустративна фотографија.Пари, денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека не е негова работа да прави анализи и да му предлага на мандатарот кој ќе биде сменет. Тој ова го кажа на прашање на новинарите дали очекува да биде опфатен со реконструкција на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

На денешната прес-конференција во врска со Програмата за промоција на обновливи извори на енергија, Бектеши рече и дека не држат оценките за потфрлување во економските ресори имајќи ги предвид бројките и извештаите објавени од Заводот за статистика.

"Ние како Министерство сме надлежни за политиката што се спроведува во индустријата, туризмот, трговијата. Ако ги земете бројките ние веќе година и пол имаме голем раст, а во некои области дури и двоцифрен раст" рече Бектеши на новинарско прашање во врска
со изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека со реконструкцијата на Владата ќе се зајакнат економските сектори и критиките на министерот Дамјан Манчевски дека потрфлиле економските министерства.

-Ние како Министерство сме надлежни за политиката што се спроведува во индустријата, туризмот, трговијата. Ако ги земете бројките ние веќе година и пол имаме голем раст, а во некои области дури и двоцифрен раст, вели Бектеши на новинарско прашање во врска
со изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека со реконструкцијата на Владата ќе се зајакнат економските сектори и критиките на министерот Дамјан Манчевски дека потрфлиле економските министерства.
вг/нд/