Изборите за Европскиот парламент ќе предизвикаат потреси на континетот, ќе доведат до олеснување на буџетските регулативи и ќе влијаат на следниот избор на директор на Европската централна банка, изјави италијанскиот заменик премиер Матео Салвини.
Лидерот на италијанската партија Лига во сабота ќе одржи митинг на националистички и крајно десничарски движења од 12 земји и ќе се обиде да создаде сојуз на евроскептички групи.
„Мислам дека доста работи ќе се променат во Европа“, ијави Салвини истакнувајќи дека тој и неговите сојузници ќе освојат значаен број пратенички места на изборите на 23 и 26 мај во новиот состав на Европскиот парламент.