Спасовски: Случајот со пратеникот Богоевски ќе биде третиран како секој друг

Министерот за внатрешно работи Оливер Спасовски.

За случајот со пратеникот Павле Богоевски покрената е постапка и полицијата ќе го третира како и секој друг случај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додавајќи тоа што Богоевски има функција не е никаква предност, туку напротив дека тој има поголема одговорност.

„Затоа ниту јас, ниту колегите од МВР, немаме никаква причина да не постапувбаме за овој случај на начин како и за сите други случаи. Се работи за настан кој е во истрага, но и јавноста знае дека не станува збор за разговор што бил прислушуван од страна на институциите, туку бил снимен со мобилен телефон или друг уред. Добро е сето тоа да се расчисти затоа што сакаме да застанеме на патот на злоупотребата на снимањето и нарушувањето на приватноста на било човек“, вели Спасовски.

Тој додава дека пр крај е истрагата за сличниот случај во Прилеп со прислушувани разговори и оти деновиве очекува да биде поднесена крпична пријава.