ЕУ усвои нова законска мерка со која може да бидат казнети одговорните за сајбер напади во земјите членки, како и во трети земји и меѓународни организации.
На средбата на министрите за финансии на ЕУ во Брисел беа одобрени мерките за замрзнување на имот, забрана за патување на личности, фирми и државни тела надвор од Унијата поврзани со сајбер напади. Според соопштението, мерките ќе бидат воведени доколку е утврдено дека сајбер нападот имал значајно влијание врз неговата цел.