Корбин: Нема шанси да се усвои законот за Брегзит до крајот на јули

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин и британската премиерка Тереза Меј

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави денеска дека нема шанси да се постигне договор за сите аспекти на Брегзит и тој да помине во британскиот Парламент до крајот на јули откако пропаднаа преговорите со власта.

Според него, преговорите не успеале бидејќи Владата значајно не ја променила својата позиција. Владата на британската премиерка Тереза Меј преговараше со партијата на Корбин со цел да добие поддршка за нејзиниот план за Брегзит во Парламентот.