Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба со цел да ја заштити телекомуникациската мрежа од „странски противници“. Со наредбата им се забранува на 15 американски компании да употребуваат странски телекомуникации за кои се верува дека претставуваат ризик за националната безбедност.
Наредбата не таргетира одредена компанија, но на неа се гледа како на обид да се спречи кинескиот гигант Хуавеи да влезе на американскиот пазар. САД и други земји изразија загриженост дека производите на Хуавеи може да бидат искористени за надзор од Кина. Хуавеи ги негира обвинувањата и соопшти дека ограничувањето ан бизнисот во САД ќе им штети на купувачите и компаниите.