Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи меѓу 10 и 20 степени.