На денешната седница Владата му утврдила престанок на функцијата национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО на претседателот Стево Пендаровскипоради изборот за шеф на државата поради што според Уставотдолжноста претседател е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.
“На седницата на Владата е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев”, информираа од владината прес служба.