Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донела заклучок во кое било училиште да можат да се запишат единствено деца кои се вакцинирани и за тоа имаат соодветен документ/потврда. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.
“Во сите училишта ќе се примаат пријавите за упис и на оние деца кои не се вакцинирани, но нема се врши упис на истите се додека не биде приложен соодветен документ/потврда за вакцинација”, појасни министерот.
Инаку, според податоците што ги презентира Филипче, вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 24.023, а во Скопје бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани деца. Во останатиот дел од државата, пак, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина изнесува 10,339 деца.
“Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини”, наведува Филипче.