Американскиот државен секретар Мајк Помпео по вчерашните разговори во Брисел, главно за Иран денеска во Сочи ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Престојот во Сочи ќе биде прва посета на Помпео на Русија откако беше назначен за шеф на американската дипломатија. Помпео, како што наведува новинската агенција АП, во минатата недела на два пати во последен момент ги менуваше патувањата, наведувајќи го Иран како причина. Прво го откажа пристигнувањето во Берлин за да замине за Ирак, а потоа наместо од Лондон да оди за Гренланд се врати во Вашингтон.