Компанијата Фејсбук соопшти дека во пресрет на парламентарните избори во ЕУ, затвориле неколку италијански профили кои биле лажни и неколку страници кои ширеле лажни вести.
„Отстранивме неколку лажни и двојни профили кои ја кршат нашата политика на автентичност“, соопшти Фејсбук.
Исто така, отстранети се страниците кои објавувале лажни информации, како и некои кои почнале како неполитички страници и добиле следбеници, а потоа ги смениле имињата и станале политички страници.
Фејсбук дејствуваше минатата недела откако беше предупреден дека 23 италијански веб-страници на социјалната мрежа шират лажни информации, како што се измислени цитати и содржини против миграцијата и вакцините, како и антисемитски содржини.