Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека се разгледуваат сите опции за упис во основно училиште на невакцинираните деца, а притоа да се запазат законите и јавното здравје.
„Една од опциите кои се разгледуваат е да се запишат учениците, во меѓувреме да се вакцинираат, или во септември, почеток на септември, да има теренска вакцинација за сите ученици кои не се вакцинирани“, посочи Адеми.
Тој порача дека дополнително ќе бидат спроведени консултации со експерти со цел да се најде најдоброто решение, а за прашањето ќе се разговара повторно на седница на Влада. По прогласувањето на епидемијата на морбили, Министерството за здравство забрани упис на деца во основно училиште кои не се вкацинирани.