Честитка од Заев по повод инаугурацијата на Пендаровски

Стево Пендаровски и Зоран Заев си честитаат по претседателските избори

Премиерот Зоран Заев денеска испрати честитка по повод инаугурацијата на новиот претседател на државата Стево Пендаровски. Како што стои во честитката, земјава со Пендаровски добива лидер кој се приклучува во водството напред. Заев му изразува поддршка на Пендаровски и најавува дека заеднички ги чека многу работа и оти одговорноста е голема.

Денеска нашата земја добива претседател- тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денеска Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот, пишува во честитката Заев.

Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско- премиерско кафе и на првиот работен состанок, наведува Заев.