ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село

Гласање во вториот круг од претседателските избори 2019 година

Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на избирачко место во Ново Село за избор на градоначалник. ДИК утврди дека бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи кои гласале.

Доколку гласањето на ова место беше поништено ќе мораше да се прегласува бидејќи разликата во вкупно освоени гласови на двајцата кандидати за градоначалник на Ново Село е 19 гласови. Одлуките на ДИК, учесниците во изборниот процес имаат право да ги обжалат пред Управниот суд во рок од 24 часа. Судот пак е должен по нив да се произнесе во рок од 48 часа.